Извозот на краставици, зелка, пиперки, домати, бостан и друг ран зеленчук во Струмичко, заклучно со крајот на минатиот месец, достигна околу 55.000 тони. Споредено со истиот период од минатата година, пласманот на раноградинарски производи на странските пазари е поголем за 20 отсто. Освен кај зелката и бостанот, кај кои е забележана стагнација, извозот бележи пораст кај сите други видови зеленчук, што е резултат на извонредниот квалитет и асортиман на струмичките градинарски производи, на високите еколошки стандарди и подобреното амбалажирање, но и на напорите што ги прави Владата за освојување нови пазари, пред се', во земјите од Европската Унија...
Извозот на краставици, зелка, пиперки, домати, бостан и друг ран зеленчук во Струмичко, заклучно со крајот на минатиот месец, достигна околу 55.000 тони.
Споредено со истиот период од минатата година, пласманот на раноградинарски производи на странските пазари е поголем за 20 отсто.
Освен кај зелката и бостанот, кај кои е забележана стагнација, извозот бележи пораст кај сите други видови зеленчук, што е резултат на извонредниот квалитет и асортиман на струмичките градинарски производи, на високите еколошки стандарди и подобреното амбалажирање, но и на напорите што ги прави Владата за освојување нови пазари, пред се', во земјите од Европската Унија.
- Во текот на изминатите седум месеци во Струмичкиот регион се набрани над 80.000 тони градинарски и други земјоделски производи, од кои две третини се пласирани на странските пазари. Откупот на зеленчук се одвива со засилено темпо, а откупните цени се значително повисоки од лани - велат во земјоделските здруженија од овој регион.
Ваквиот интензивен извоз на пиперки, домати, бостан и други градинарски производи се очекува да трае до средината на октомври, кога ќе заврши бербата на есенскиот индустриски зеленчук. Годинава во Струмичко вкупно ќе бидат набрани околу 180.000 тони зеленчук, од кои над 130.000 тони ќе бидат пласирани на странските пазари.